Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање

Планините останаа пусти, институциите молчат за пустошењето

Стории

Македонија земја богата со планини кои по својата површина се издвојуваат во Европа и пошироко. Најголем број врвови дури 100- се над 2000 мнв . Дали државата се грижи доволно за шумскиот фонд е прашање кое го поставивме во оваа репортажа.

Една од најпитомите планини во регионот за посета е токму Скопска Црна Гора позната како Света Гора поради големиот број цркви и манастири.

Достапна во лето и во зима а има и одлични патеки за планинари и рекреативци. Нелегалната сеча и опустошување на шумите е проблем со кој надлежните никако да се справат. Секоја година гледаме како се повеќе снемува дрва од нашите планини. Пожарите се неизбежни по секоја сеча, бидејќи на тој начин крадците не само што ги кријат трагите туку и создаваат терен за понатамошно отсекување на остатоците стебла.

Во проверка на теренот не придружуваа искусни планинари и експерти за шуми.

Професорот Ацески кој пред 30 години работел на уредување на овој екосистем денес теренот едвај го препозна.

Штетите од еколошки аспект се огромни а според професорот поплавите во 2016 година во голем дел биле резултат на силни деградации. Штетите се броеја во човечки жртви.

Според ресорното министерството најмногу нелегална сеча е констатирана во Кичевскиот, Скопскиот, Струшкиот, Прилепскиот, Тетовскиот, Беровскиот и Струмичкиот регион. Против нелегалната сеча се справуваа 332 шумски полицајци и тврдат дека во изминатиот период спречиле голем број акции.

Во последните три години шумската полиција поднела вкупно 3113 пријави до Основниот суд, 560 до Основното обвинителство и 4 пријави до инспекторатот. Во нивната служба пак пристигнале 19 пријави од Македонски шуми, од МВР 595, а од шумската полиција до МВР биле поднесени 68 пријави.

Национални шуми брои 219 шумочувари и 58 контролори на рампа. Минатата година регистрирале 3852 бесправни сечи, при што оштетена е дрвна маса на површина од 26.614 м3 .

На Скопска Црна Гора посечена е 1640 метри кубни дрвна маса само минатата година според податоците на ПШС Караџица. Од службата велат дека користат дронови, мапирања, ГПС уреди и со цел навремено да интервенираат. Признаваат дека штетите се огромни а резултатите од акциите не се на завидно ниво.

Екологистите проблемот го гледаат во лошиот менаџмент и незначителна помош од државата во обновување на шумите.

Професорот Ацески при неговата редовна обиколка на планините констатира дека на шумите ширум земјава им се случува невиден масакар. Овие фотографии се направени пред неколку дена, под наслов гола сеча на букова шума на Празни Торба – Јакупица.

 

Сторијата е оригинално објавена на ТВ Сител.

Оригинално објавена на:

ТВ Сител

Датум

12 февруари 2021