Проценка на транспарентноста и отчетноста на инспекторатите со надлежности во животната средина
Целта на овој извештај е да се процени степенот на отчетност на инспекторатите и да се воочат нивните слаби и силни страни во оваа насока. Препораките од извештајот можат да послужат за подобрување на начинот на подготовка на годишните извештаи и за овозможување пристап до содржајни квантитативни и квалитативни информации од јавен карактер, меѓу кои и до финансиските извештаи.
Во извештајот најпрво е анализиран начинот на подготовка и објавување на годишните планови за работа, потоа на извештаите за работата и на финансиските извештаи и на крајот е објаснета методологијата на истражувањето.