Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

,,Разбистри се‘‘ кампања на ИКС за заштита на водите во државата

Стории

Во Македонија недостасува легислатива за заштита на водните ресурси, но и сериозен инспекциски надзор сметаат експертите. Свеста кај граѓаните не е на доволно високо ниво за тоа како да се користи и заштити водата како најважен ресурс. На стартот од кампањата на ИКС „Разбистри се’“ беа презентирани двата документа за јавни политики во кои се содржани податоци за актуелните проблеми и понудени се конкретни решенија од експерти.

На првата онлајн конференција беше презентирана алијансата за застапување и лобирање во која се вклучени граѓански организации, факултети и медиуми.

Кампањата која е финансиски поддржана од Британската амбасада ќе трае една година а има за цел да поттикне промени во јавните политики за поголема заштита на природните ресурси во државата и промена на политиките со кои се регулира заштитата на природните ресурси.

Веста е оригинално објавена на Сител.

Оригинално објавена на:

Сител

Датум

17 декември 2020