Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Рурално Скопје пие вода од бунари и чешми загадена од фекалиии

Стории

200.00 илајди жители во скопските околни населби користат загадени подземени води сметајќи ги за гордост во нивните дворови избегнувајќи ги водоводните мрежи заради заштеда или недоверба во јавните претпријатија. Државата е должна да ги проверува селските водоводи, јавни чешми, бунарите и бушотините, а наодите се застрашувачки.

Ешерихиа коли, протеус, колифорни бактерии. Списокот на опасни загадувачи е долг, но и на болестите кои ги предизвикуваат.

Колбите од терен завршуваат во лабраторијата во скопскиот центар за јавно здравје. По само неколку часа анализа точно се знаат причините кој ја загадува водата под нашето тло.

Освен бактериите и металите на скопските подземни води им се заканува и еден од најопасните пестициди. Сокриен од погледите на луѓето, 40 години непречено продира во почвата.

Пронајден е во телото кај 8 годишно девојче, и во бунарска вода во околината на Скопје.

По една година задоцнување од најавите за отстранување на малата линданска депонија министерството за животна средина објави кој ќе го чисти линданот.

УНИДО склучи Договор со избраниот најдобриот понудувач – грчката фирма Полиеко, за чистење на линданот од малата депонија во Охис и третман надвор од државата. Во процес е постапка за одобрување на Планот за ремедијација. Имено, компанијата Полиеко веќе го достави Планот за ремедијација кој е разгледан од страна на меѓународна консултанска компанија ангажирана од УНИДО и од службите на Министерството за животна средина и просторно планирање и за кој се доставени коментари и забелешки. По три ревизии и вградување на сите коментари и забелешки, Планот за ремедијација како финална верзија  е доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање на разгледување. Се очекува во најскоро време (најоцна до крајот на месецот) да биде одобрен од стручните лица во Министерството, и да биде издадена согласност со што изведувачот ќе може да пристапи кон имплементација на активностите предвидени во Планот.“

Проблемот со надземните и подземните води е подлабок и поширок. Правилници и закони постојат, но и обврски пред меѓународните тела, но засега одговорност нема.

Проблемите со водите во земјава се решаваат со само десетици илјади евра. Се кратат средства од буџетот за министерството за животна средина, институците и истражувачите. Спорд Пехчевски колку сме „штеделе“ на овој проблем десет пати повеќе ќе платиме во иднина.

Павле Беловски

 

Сторијата е оригинално објавена на ТВ Телма.

Оригинално објавена на:

ТВ Телма

Датум

3 март 2021