Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси
sloboden-pecat-ekonomija-featured

Се повлекуваат измените на законот за минерални суровини, ќе се консултира јавноста

Стории

Од Министерството признаваат дека дел од забелешките за одредби од Законот за минерални суровини се погрешно толкувани или нецелосно разбрани од јавноста поради што има потреба од дополнителни консултации.

Откако предизвика вистинска бура на спротиставени мислења со предложените измени на Законот за минерални суровини, Министерството за економија да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини поднесен до Собранието по скратена постапка.

– По барање на Алијанса на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри се“ кое што беше доставено до Министерството за економија, Министерството одлучи да го повлече Предлог- законот со цел за негово доработување и усогласување со забелешките изнесени во барањето и потоа повторно да го достави за донесување по редовна постапка, се вели во соопштението од Економија.

И Македонската асоцијација на рударството (МАР), вчера побара овие законски измени да не се носат по итна постапка. Оттаму му забележуваат на Министерството дека, иако биле консултирани од предлагачот на измените, Министерството за економија, сепак, ниту едно од укажувањата, предлозите не биле вклучени во предложениот текст.

Од Министерството признаваат дека дека дел од забелешките за одредби од Законот за минерални суровини се погрешно толкувани или нецелосно разбрани од јавноста поради што има потреба од дополнителни консултации и објаснувања иако сметаат дека изготвените измени се квалитетни.

Со Предлог-законот не е изземена документацијата која треба да се достави кон барањето за експлоатација, велат од Економија, односно од Законот не се брише обврската на концесионерите да изработат техничко-технолошкиот елаборат за постапката за експлоатација на минерални суровини со техниките и супстанциите што ќе се применат, туку таа одредба е префрлена во делот кој ја уредува дозволата за експлоатација.

Исто така, процената за деградирање на земјиштето, рекултивацијата и ремедијата на земјиштето, како и планот за управување со отпад се уредени во документацијата која се доставува кон барањето за издавање на дозвола за експлоатација и за таа цел и финансиската гаранција е предвидена да се достави непосредно пред издавањето на дозволата за експлоатација.

Согласно постојниот закон, општините на чија територија се врши концесиската дејност добиваат 78% од надоместокот, а само 22% оди во државниот буџет, но со овој предлог-закон општините ќе бидат обврзани овие средства да ги користат исклучиво за општествени или комунални дејности. Не се менува ниту постапката за пренос на концесија и пренос на удел туку само се доуредува, така што надоместокот од 7%, како и потребната согласност од Владата останува, подвлекуваат од Економија.

Веста е оригинално објавена на Слободен печат.

Оригинално објавена на:

Слободен печат

Датум

15 јануари 2021