Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Сител тема на денот: Резултатите на Обвинителството како дел од системот за заштита на животната средина

Стории

Борбата против еколошкиот криминал во Македонија сè уште го нема потребниот интензитет, замав и квалитет. Обвинителството за организиран криминал и корупција не може да се пофали со големо практично искуство против ваквиот криминал. Тоа може да постапува по допрен глас и по пријави поднесени од Инспекторатот за животна средина и МВР, но доказите треба да се собираат брзо и квалитетно и да се следи трагата до загадувачите. Во Обвинителството треба да се формира специјализирано одделение и привремени истражни тимови во кои ќе има и претставници на Министерството и Инспекторатот за животна средина, научната фела и лиценцирани експерти, заради квалитетно обвинение и правосилна судска пресуда и казна.

Обвинителката Сузана Мирчевска Кузмановска зборува отворено за слабите капацитети против еколошкиот криминал во интервјуто што ТВ Сител го направи како дел од кампањата “Разбистри сè”.

Оригинално објавено на:

ТВ Сител

Датум

25 јули 2021