Некои со судни маки, а некои воопшто не ги наводнувале плантажите во Тиквешијата. Честите дефекти на дотраените системи за наводнување и нерационалното управување со водните ресурси годинава драстично ги намалија приносите на грозје, а лозарите трпат околу 30 проценти загуба, велат од Националната федерација на фармери.
За проблемите со користењето на водата, Здружението на бизнис жени разговараше со земјоделките од Тиквешијата во рамките на кампањата „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии.