Владата амбициозно се залага за зелено сценарио во борбата против климатските промени во земјава. Но, сè уште нема донесено закон за климатска акција ниту презема конкретни мерки за прилагодување на ранливите сектори од климатските промени. Само за декарбонизација на енергетиката се неопходни инвестиции од повеќе од 800 милиони евра годишно.