Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Судскиот процес за загадувањето на Брегалница ќе стартува наесен

Стории

3.000 евра. Само толку е казнета фабриката „Техникајл Текстајлс“ откако минатиот јуни испушти хемикалија директно во Брегалница и целосно ја побели водата на реката во Штип. Иако доказите се во штипското јавно обвинителство, за судска одлука ќе се почека бидејќи првото рочиште е закажано дури во октомври – речиси година и половина после загадувањето на Брегалница. Во меѓувреме, Општина Штип и Државниот инспекторат за животна средина се препираат чија е надлежноста за контрола на индустриските капацитети.

 

Сторијата на ТВ Сител е изработена врз основа на студијата што Македонското здружение на млади правници ја изработи во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Оригинално објавено на:

ТВ Сител

Датум

18 јули 2021