Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси
Zalozhbi-i-stavovi-za-zakonot-za-mineralni-surovini

Заложби и ставови за Законот за минерални суровини

Стории

По повлекувањето на измените на Законот за минерални суровини од собраниска постапка во почетокот на годинава, Министерството за економија и Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ работеа на новите измени на законскиот текст, како и на вклучување на дополнителни забелешки. Направени се измени на повеќе од половината членови и постигната е согласност за значителен дел од предлозите.

Неопходна е поголема јавност на постапките во сите фази од издавање на концесии, што е во согласност со Конвенција за минерални суровини од Архус, Данска, во однос на регулацијата на хидројаловиштата, како и обновување на деградираните простори и усогласеноста со Законот за водите.

Јаловините не се градени според стандардите за заштита за животната средина, а се најопасни за природата и за луѓето, бидејќи содржат милиони тони отровна смеса цијанид и сулфурна киселина, велат од Еко долина.

Законот за минерални суровини беше предложен во скратена постапка, но по барање и јавен притисок, законот беше повлечен од собранискиот распоред.

 

Сторијата е оригинално објавена на МРТ.

Датум

16 април 2021