Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Жителите на Долно Соње пијат загадена вода од селската чешма, техничка купуваат од цистерни

Стории

Во 21 век во околината на главниот град, граѓаните купуваат вода од цистерна. Вака живее семејството Трајковски во с. Долно Соње. Плаќаат приватна фирма за да им донесат вода до куќата која потоа ја користат само за хигиена. Вода за пиење дополнително купуваат од продавница. Ваков начин на живот имаат веќе 15 години. Многу пати побарале помош од општината и се понудиле самите да се приклучат на постојниот водовод кој поминува покрај нив на 50тина метри. Ниту ова не им било дозволено.

Најтешко е што хигиената и чиста вода им се нужно потребни бидејќи сопругот е на дијализа.

Проблемите не завршуваат откако ќе ја наполнат домашната цистерна.

Во општината ова не е изолиран случај, жителите кубурат за вода и во другите населени места. Велат на лето се соочуваат со рестрикции и мора да полнат од селската чешма за која незнаат дали е бактериолошки исправна. Сомнежот за квалитетот е поголем поради честите бактериски заболувања кај жителите.

Од општината велат дека на сите жители кои што градат и купуваат таму им се јасни правилата. Во телефонски разговор за Сител градоначалникот вели дека со Локалниот водовод управува месната заедница, а поради капацитетот имал ограничен опфат на својата мрежа. Проект за изградба на водоснадбување во сите населени места е почнат но во моментот поради ковид пандемијата не се гради.

„Тоа е од Патишка река водовод кој е 70 проценти веќе реализиран, изворите се зафатени, остануваат уште 30 посто за реализација. Водоводот беше финансиран од државните инстуции (од Министерството за транспорт, Агенција за финансиска поддршка во руралниот развој) но со ребаланс на буџетот, октомври месец 2019г, како и многу вакви капитални проекти и средствата за водоводот Патишка река беа пренаменети. Од тогаш до сега нема информација од Владата дали ќе продолжи да го финансира но ако не продолжи општината ќе го доврши овој проект.

Градоначланикот не верува дека ќе успее до крајот на овој мандат да го заврши водоводот. За селските чешми тврди дека постојано се прават испитувања и населението било запознаено дека водата не е за пиење.

Истражувањето на Институтот за комунакациски студии покажува дека повеќе од 11 проценти од населението во руралните средини воопшто нема пристап до вода.

Од Водовод и канализација велат постојниот воден систем не е под нивна надлежност, а доколку жителите сакаат да го испитаат квалитетот да се обратат до секторот за санитарна контрола.

 

Сторијата е оригинално објавена на ТВ Сител.

Оригинално објавена на:

ТВ Сител

Датум

4 февруари 2021