Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Одговори на министерот Нуредини на прашањата од конференцијата „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“

Поради големиот интерес од учесниците, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не беше во можност да одговори на сите прашања поставени за време на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“, меѓутоа од неговиот кабинет ги одговорија прашањата писмено и ги објавуваме интегрално.
Конференцијата беше организирана на 3 март 2021 година од Институтот за европска политика во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.
Сподели