Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Онлајн настан: „Што може да направиме денес, за да ја зачуваме Брегалница за во иднина?“

Водните ресурси во светот се соочуваат со огромни закани како климатските промени кои ги менуваат резервите на вода и ги интензивираат поплавите и сушата. Според најновиот извештај од Институтот за светски ресурси, Македонија е меѓу државите кои се со исклучително висок ризик да останат без вода или со малку вода до 2040 година. Сувите периоди и ненадејните поплави ќе бидат почести и повеќе изразени, а недостигот на вода ќе биде најизразен во источните делови од земјата. Очекувањето е дека сливот на Брегалница ќе претрпи најголемо влијание од климатските промени и проектираните загуби на вода ќе бидат 24 проценти до 2100 година.

Здружението на граѓани Еко Логик во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сè“, Ве покануваат на онлајн настанот „Што може да направиме денес, за да ја зачуваме Брегалница за во иднина?“, што ќе се одржи во четврток (22 април) од 14:00 до 15:30 часот на платформата Зум.

На настанот ќе бидат претставени најдобрите решенија за подобрување на состојбата на Брегалничкиот слив од средношколскиот натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“. Исто така, преку виртуелна прошетка низ Едукативниот центар Негрево учесниците ќе се запознаат со уникатни видови птици, инсекти, растенија и живеалишта кои се специфични за овој регион и чиј опстанок зависи од реката Брегалница.

Со овој настан ќе биде одбележан Денот на планетата Земја – 22 април. Во фокусот на годинешното одбележување на Денот на планетата се природните процеси, растечките зелени технологии и иновативното размислување за обновување на екосистемите во светот.

Регистрирај се за настанот на ОВОЈ ЛИНК.

Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада со Скопје.

Агенда за онлајн настан

„Што може да направиме денес, за да ја зачуваме Брегалница за во иднина?“

22 април (четврток), 14:00 – 15:30ч., Zoom

14:00- 14:10 Вклученост на Еко Логик во кампања „Разбистри се“,

  • Никола Нешкоски, извршен директор, Еко Логик
  • Moника Аксентиевска, програмски асистент – Институт за комуникациски студии

14:10-14:30 Виртуелна прошетка и запознавање со живиот свет на Брегалница

  • Верица Арнаутовска, раководител на едукативен центар за зачувување на природата – Негрево

14:30-14:40 Прогласување на победниците во рамки на средношколски натпревар: „Водните ресурси во моето место на живеење:минато, сегашност, иднина“,

  • Андријана Зафировска

14:40-15:00 Презентација на прогласените најдобри решенија

15:00-15:20 Дискусија преку практична работилница: „Што може да направиме денес, за да ја зачуваме Брегалница за во иднина?“

15:20-15:30 Резиме на настанот

Сподели