Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Онлајн предавање „Природен тек или човеково влијание: Како да се спаси Преспанско Езеро?“

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, ве поканува да присуствувате на претстојното отворено онлајн предавање „Природен тек или човеково влијание: Како да се спаси Преспанско Езеро?“Придуружете ни се во четврток (18.2.) во 18:30 часот на Зум (https://us02web.zoom.us/j/86152443743).

Заедно со нашиот експерт на темата, Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво, дознајте повеќе за историјата на Преспанско Езеро, неговата состојба низ вековите и промената во водостојот предизвикана од различни влијанија. Воедно, осознајте и како може да придонесете во заштитата и зачувувањето на природните ресурси, но и како секој од вас може да влијае врз одговорните институции. Како всушност можеме да го спасиме Преспанско Езеро?

 

Лица за контакт:

Сподели