Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Онлајн предавање „Шар Планина: национален парк или национална мета?“

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, Ве покануваат на отвореното онлајн предавање на тема „Шар Планина: национален парк или национална мета?“, кое ќе се одржи на 23 март (вторник) во 18:30 часот на Зум (https://zoom.us/j/97862396440).

На предавањето екоактивистот Нгадњим Мехмети од граѓанската иницијатива „Еко герила“ ќе зборува за проблемите со кои се соочува Шар Планина, при битката да биде прогласена за национален парк. И покрај тоа што е Шар Планина е предлог продрачје за прогласување на национален парк, проблемите со изградба на голем број мали хидроцентрали, дивата сеча и неконтролиран лов на диви и ретки животни сè уште се актуелни. Планината станува небезбедна поради градењето на малите хидроцентрали кои предизвикуваат ерозија и лизгање на земјиштето, што пак неповратно ги уништува уникатните релјефни структури во клисурите и претставува голем ризик во време на обилни дождови и поплави. Што значи ова за природата на планината и за луѓето кои живеат под Шар Планина?

Настанот се организира како дел од серијата онлајн предавања за заштита на животната средина што ги одржува Младинскиот образовен форум (МОФ). Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада.

Сподели