Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Онлајн предавање за млади „Охридско Езеро – како да се заштити заштитеното?“

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, ве покануваат на отвореното онлајн предавање „Охридско Езеро – како да се заштити заштитеното?“, во четврток (25.2.) во 18:30 часот на Зум (https://us02web.zoom.us/j/85670773320)

На предавањето биологот и уредник на веб порталот за животна средина Doma.edu.mk, Кирил Арсовски Пржо ќе зборува за Охридското Езеро и неговото крајбрежје како два од најважните екосистеми во државата. Предавањето ќе се осврне и на силниот инфраструктурен развој, загадувањето и негрижата кои го доведуваат во прашање опстанокот на највредното природно подрачје во Македонија, но и на тоа што може да направиме за да го зачуваме.

Онлајн предавањето е дел од кампањата „Разбистри сè“ што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Сподели