Повик за граѓанска онлајн дискусија „Достапна и чиста вода за сите“
Сакаш да ги пренесеш твоите искуства и ставови за пристапот и квалитетот на водата за пиење, како и за загадувањето на реките, природните и вештачките езера во твоето место на живеење и во државата во целина? Сакаш да разговараш за потребните проекти и активности со кои ќе се лоцираат и решат проблемите кои сметаш дека се приоритетни?
Те покануваме да се пријавиш на дискусијата со граѓан(к)и „Достапна и чиста вода за сите“, која ќе се одржи на 18 ноември (четврток) од 12:00 часот преку платформата Зум. Ставовите на учесниците и заклучоците од дискусиите ќе бидат презентирани во извештај од настанот.
Секој/а учесник/чка на дискусијата ќе добие финансиски надомест од 920 денари.
За да учествуваш на дискусијата треба да бидеш постар од 18 години, да живееш во Македонија и да се пријавиш со пополнување на оваа ПРИЈАВА.
Пријавувањето е до вторник (16 ноември) 2021 година. Избраните кандидати ќе бидат контактирани на емаил адресата или телефонскиот број наведени во пријавата.
Местата за учество на настанот се ограничени, а организаторите целат да постигнат еднаква географска застапеност на регионите при селекција на учесниците. Приоритет ќе имаат оние кои први ќе се пријават на повикот.
Онлајн дискусијата ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на кампањата „Разбистри сѐ”.