Повик за учество на средношколски натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“
Водните ресурси се еден од најкритичните фактори за развојот на човештвото и економијата, бидејќи водата е есенцијална за функционирањето на секое живо суштество, растенијата, земјоделското производство и за многу индустриски процеси. Според најновиот извештај објавен од Институтот за светски ресурси, под исклучително висок ризик да останат без вода или со малку вода во 2040 година се наоѓаат 33 држави во светот, меѓу кои и Македонија. Сувите периоди и ненадејните поплави ќе бидат почести и повеќе изразени, а недостигот на вода ќе биде најизразен во источните делови од земјата. Очекувањето е дека сливот на Брегалница ќе претрпи најголемо влијание од промените на климата и проектираните загуби на вода ќе бидат 24 проценти до 2100 година.
Тргнувајќи од ова, Здружението на граѓани „Еко Логик“ (Eco Logic) во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „Разбистри сè“, го распишуваат повикот за среношколскиот натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“.
Цел на повикот
Да се покажат размислувањата и да се понудат креативни решенија од средношколците од општините кои ги опфаќа Брегалничкиот слив во однос на состојбата на водните ресурси во местото каде што живеат, споделувајќи различни пракси.
Право на учество
Средношколци кои живеат во општините Штип, Кочани, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево, Зрновци, Карбинци, Лозово и Конче.
Начин на пријавување
Чекор 1: Визуелно/практично прикажување на состојбата на водните ресурси во минатото и сегашноста преку видео материјал или фотографија.
Чекор 2: Споделување на идеи и начини за подобрување состојбата на водните ресурси во иднина, преку пополнување на формулар.
Технички насоки
Во однос на чекор 1: Визуелно/практично прикажување на состојбата на водните ресурси во минатото и сегашноста, потребно е:
- Фотографиите кои ја прикажуваат состојбата во минатото не е задолжително да претставуваат авторски дела на учесникот. Како извор на информации може да послужат: интернет статии, статии во весници, видеа, книги, архиви итн.
- Фотографиите можат да бидат едитирани, односно да се додадат различни визуелни ефекти (но да се задржи реалната состојба на водата и водните ресурси), како и да се испише текст врз нив. Може да бидат сликани со телефон или фото апарат.
- Видеото може да биде во каков било формат (анимација, документарно итн), да биде без дијалог, вербално или невербално, во форма на скеч или друга форма. Форматот на видеото треба да биде mp4 и испратено преку е-маил. Доколку големината на видеото не дозволува да биде испратено преку маил, тогаш да се користи WeTransfer (www.wetransfer.com).
- Видеа со навредлива содржина нема да бидат разгледувани (пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност)
Во однос на чекор 2: Споделување на идеи и начини за подобрување состојбата на водните ресурси во иднина, потребно е:
- Оваа задача претставува продолжение на претходната. Односно, кога учениците ќе ја потврдат актуелната состојба, и пронајдат фотографии каква била водата и водните ресурси во нивното место на живеење, продолжуваат со развивање на идеи и решенија за подобрување во иднина.
- Описот на идеите задолжително треба да биде внесен во формуларот, испратен по е-маил адреса или со симнување од гугл драјв, преку следниот линк: https://drive.google.com/file/d/1zUfhN6lfllgJnN62Kx6F7YB8SJt4HxtH/view?usp=sharing
- Kaко дополнение на горенаведениот формулар, (oдносно како анекс) може да биде доловување на идејата и преку:
- видео и фотографија- мoже да биде споделена во истото видео кое ја прикажува актуелната состојба или како дел од т.н “фото- албум“ ( минато- сегашност- иднина)
- цртеж, проект, текст или други алатки, техники и методологии по избор на учениците.
Што треба да содржи пријавата?
- Име и презиме на ученикот
- Општина на живеење на ученикот
- Име и презиме на менторот
- Назив на училиште
- Контакт е-маил и телефон
- Фотографија или видео ( од чекор 1)
- Пополнет формулар (од чекор 2)
Критириуми за оцена
Ќе се оценува иновативната идеја, начинот на нејзиното прикажување, визуелното доловување на актуелната состојба на водата и водните ресурси, како и индивидуалниот ангажман на ученикот да придонесе за својата средина во која живее.
Рок за доставување
18.04.2021 на е- адресата: е со назнака: Повик за учество на натпревар.
Официјалното доделување на наградите ќе биде на 22 април – Денот на планетата Земја, со посета на Едукативниот центар за зачувување на природата – Негрево.
Награди
За ученици: | За училишта: |
1 место: Велосипед и посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево | Паркинг за велосипед и 2 ваучери за наставници за посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево |
2 место: Кацига за велосипед и посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево | Паркинг за велосипед и ваучер за 1 наставник за посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево |
3 место: Надворешни гуми за велосипед, шише за вода и посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево | Ваучер за 1 наставник за посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево |
4 место: Надворешени гуми за велосипед и посета во Едукативниот центар за зачување на животната срединa Негрево | Ваучер за 1 наставник за посета во Едукативниот центар за зачување на животната срединa Негрево |
5 место: Светла за велосипед и посета во Едукативниот центар за зачување на животната средина Негрево | Ваучер за 1 наставник за посета во Едукативниот центар за зачување на животната срединa Негрево |
6 место: Посета во Едукативниот центар за зачувување на животната средина Негрево | Ваучер за 1 наставник за посета во Едукативниот центар за зачување на животната срединa Негрево |
7 место: Посета во Едукативниот центар за зачувување на животната средина Негрево | Ваучер за 1 наставник за посета во Едукативниот центар за зачување на животната срединa Негрево |
Сите учесници (ученици и училишта) ќе добијат сертификати (физички доделни на првонаградените, онлајн за сите останати). Најдобрите пристигнати идеи и предлог решенија од учениците ќе бидат споделени на онлајн настан.
* Посетатата на едукативниот центар за зачувување на животната средина Негрево е овозможена од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија и вклучува:
- Запознавање со природното богатство во Брегалничкиот Регион. Ова богатство се состои од уникатни видови птици, инсекти, растенија и живеалишта кои се специфични за овој регион и чиј опстанок зависи од реката Брегалница;
- Интерактивна работилница за живиот свет во реката Брегалница;
- Прошетка по патеката на Петко и шумските жители, која почнува од Едукативниот центар, а завршува на локалитетот Јудови Ливади. По патката има поставено едукативни табли со информации за карактеристиките на одредени видови од Брегалничкиот Регион, а на локалитетот Јудови Ливади има редок вид на живеалиште наречено тресетиште, на кое вирее инсектојадното растение Drosera rotundifolia.
Повикот е достапен во .pdf формат на следниот линк.