Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање

Предложените измени на Законот за минерални суровини ги загрозуваат националните природни ресурси

Граѓански организации, високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за наредниот понеделник по скратена постапка, нетранспарентнo, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.

Триесет и две (33) невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање „Разбистри сè“ денеска испратија дописи до претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да го повлечат предлог-законот и да го вратат во редовна процедура. Тие бараат експертската јавност и сите заинтересирани граѓани да бидат вклучени во процесот на усвојување на законот и да им се овозможи да дадат предлози за подобрувања на законскиот текст преку јавно објавување на законските измени на владиниот ЕНЕР систем, две читања во Собранието на РСМ и одржување собраниска јавна расправа и расправа за консултација со јавноста.

Во дописот се предупредува дека измените навлегуваат длабоко во процедурите на добивање и одземање концесии за експлоатација на минерални суровини, се бришат постоечки обврски за барателите на дозволи со кои процедурата станува нетранспарентна и финансиски сомнителна и се овозможува и понатаму ефтина распродажба на националните природни богатства. Исто така, се проширува обемот на минерални суровини кои ќе бидат давани под концесија и се олеснуваат концесиите за ископување на песок и чакал, наместо да се ограничат поради досегашните злоупотреби со кои се уништени многу речни корита и плодни земјишта.

Иако во воведот на предлог-законот стои дека тој само се усогласува со Законот за прекршоци, Законот за услуги и со терминологијата за инспекторите, сепак во дописот се аргументира дека според Деловникот на Собранието на РСМ предлог-законот не може да се донесе во скратена постапка зашто е обемен и сложен со дури 75 членови. Дополнително, дека предлог-законот не може да се донесе пред да бидат донесени измените на Законот за прекршоци, со кој се зголемуваат глобите од областа на заштита на природните богатства и животната средина, а кој исто така е во собраниска процедура, поради што во иднина повторно ќе мора да претрпи измени во членовите кои се однесуваат на глобите.

Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ предупредува дека прекумерната и неконтролираната експлоатација на минералните суровини предизвикува  хемиско загадување на водите и почвите, нарушување на пределите и хидролошкиот режим, трајна девастација на обработливото земјоделско земјиште, загуба на биолошката разновидност и може сериозно да влијае врз здравјето на населението што живее во околината.

Од Алијансата „Разбистри сè“, чија цел е заштита на природните ресурси преку нивно одржливо користење, сметаат дека Законот за минерални суровини регулира прашање од стратешки интерес за државата и дека е потребна широка експертска и јавна дискусија за изнаоѓање решенија кои водат сметка за животната средина. Оттука, бараат државните институции да се придржуваат до Архуската конвенција која налага одржување на јавна расправа за општата јавност како клучен механизам за гарантирање транспарентност на процесите и работење во служба на јавниот интерес.

Алијансата за застапување и лобирање е предводена од Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сè“.

Барањата на Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ можете да ги преземете ТУКА.

Лице за контакт: Дејан Андонов, координатор на кампањата за застапување и лобирање Разбистри се’ – ; 071 317 661.

Поднесувачи на барањето – членки на Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ и други организации:

  1. Институт за комуникациски студии
  2. Зелен институт
  3. О2 Иницијатива
  4. ЕЗ Здрава котлина – Струмица
  5. Факултет за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
  6. Институт за биологија при Природно-математички факултет
  7. Еко свест
  8. Фронт 21/42 – Еколошко здружение на граѓани
  9. Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ
  10. Институт за демократија „Социетас Цивилис“
  11. Институт за европска политика
  12. Центар за економски анализи
  13. Македонско здружение на млади правници,
  14. Флорозон – Центар за еколошка демократија
  15. Еколошко друштво Планетум – Струмица
  16. Асоцијација за демократкса иницијатива – Гостивар
  17. Water4changes-Вода за промени, Global Shapers Skopje Hub
  18. Здружение на граѓани Еко логик
  19. Младински образовен форум
  20. НВО Green.оrg
  21. Центар за истражување и креирање политики
  22. Центар за правни истражувања и анализи
  23. Shoqata ekologjike GVEKO / Еколошко здружение ГВЕКО / Ekoloji dernegi GVEKO
  24. ЗЗУЖС Еко живот – Кавадарци
  25. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
  26. Здружение за социјални иновации и одржлив развој РАДАР
  27. Новинари за човекови права,
  28. Движење на екологисти на Македонија
  29. Здружение на граѓани ЕКОВИТА
  30. НВО Гоу Грин
  31. Младински културен центар – Битола
  32. НВО Еко ѕвон
  33. Национален Ромски Центар

The proposed amendments to the Law on Mineral Resources endanger national natural resources

CSOs, higher education institutions and experts oppose the amendments to the Law on Mineral Resources that the Government proposed for adoption at the parliamentary session scheduled for next Monday in summary proceedings, which lack transparency, have had no prior public debate and public involvement. Their reactions state that the proposed legal amendments contain major gaps in terms of protection and sustainable use of mineral resources as the most important natural resources of the state.

Today, thirty-three (33) non-governmental organizations, citizens’ associations and higher education institutions from the Civic Alliance for Advocacy and Lobbying “Clear it Up'” sent letters to the President of the Assembly Talat Xhaferi, Prime Minister Zoran Zaev, Deputy Prime Minister for Economic Affairs Fatmir Bitiqi, Minister of economy Kreshnik Bekteshi and the Minister of Environment and Physical Planning Naser Nuredini, to rescind the bill and redirect it to a regular procedure. They demand that the expert public and all interested citizens be involved in the process of adopting the law and be allowed to make proposals for improvements to the legal text by publicly announcing the legal amendments via the government ENER system, with two readings in the RNM Assembly and a parliamentary public hearing and public consultation hearing.

The letter warns that the amendments deeply affect the procedures for obtaining and revoking concessions for exploitation of mineral resources, removing existing obligations for permit applicants, making the procedure non-transparent and financially obscure, allowing for continued selling of national natural resources at a low price. It also expands the volume of mineral resources that will be given under concession and facilitates concessions for sand and gravel mining, instead of limiting them due to abuses so far that have destroyed many riverbeds and fertile lands.

Although the Introduction of the bill states that it is merely being harmonized with the Law on Misdemeanors, the Law on Services and the terminology for inspectors, still the letter argues that, according to the Rules of Procedure of the Assembly of RNM, the bill cannot be adopted in summary proceedings because it is extensive and complex, containing as many as 75 Articles. Additionally, that the bill cannot be adopted before the amendments to the Law on Misdemeanors are adopted, which increase the fines in the field of natural resource and environmental protection – also in parliamentary procedure, since in the future additional amendments would have to be adopted pertaining to the articles relating to fines.

The Advocacy and Lobbying Alliance “Clear it Up” warns that excessive and uncontrolled exploitation of mineral resources causes chemical pollution of water and soils, disruption of landscapes and hydrological regime, permanent devastation of arable agricultural land, loss of biodiversity and could have a serious impact on the health of the population living in the area.

The “Clear it Up” Alliance, which aims to protect natural resources through their sustainable use, believes that the Law on Mineral Resources regulates an issue of strategic interest to the state and that a broad expert and public discussion is needed to find solutions that ensure environmental protection. Hence, they are asking state institutions to adhere to the Aarhus Convention which stipulates a public hearing for the general public as a key mechanism for ensuring transparency of processes and defending public interest.

The Advocacy and Lobbying Alliance is led by the Institute of Communication Studies as part of the “Clear it Up” campaign.

You can download the requests of the Advocacy and Lobbying Alliance “Clear it Up” HERE.

Contact person: Dejan Andonov, Coordinator of the Advocacy and Lobbying Campaign Clear it Up – ; 071 317 661.

Petitioners – members of the Advocacy and Lobbying Alliance “Clear it Up” and other organizations:

1. Institute of Communication Studies

2. Green Institute

3. O2 Initiative

4. EA Zdrava kotlina (Healthy Valley) – Strumica

5. “Hans Em” Faculty of Forest Sciences, Landscape Architecture and Environmental Engineering

6. Institute of Biology at the Faculty of Natural Sciences and Mathematics

7. Eko svest (Eco-sense)

8. Front 21/42 – Environmental Law Citizens’ Association

9. Civic Initiative Ohrid SOS

10. Institute for Democracy “Societas Civilis”

11. European Policy Institute

12. Center for Economic Analyses

13. Macedonian Young Lawyers Association,

14. Florozon – Center for Environmental Democracy

15. Ecological Society Planetum – Strumica

16. Association for Democratic Initiatives – Gostivar

17. Water4changes- Global Shapers Skopje Hub

18. Citizens’ Association Eco Logic

19. Youth Education Forum

20. Center for legal research and analysis

21. NGO Green.org

22. Center for Research and Policy Making

23. Environmental Conservation Organization GVEKO

24. ZZUJS Eco life – Kavadarci

25. Association for protection of animals and the environment E.D.E.N.

26. Association for Social Innovation and Sustainable Development RADAR

27. Human rights journalists

28. Ecologists’ Movement of Macedonia

29. Community Organization EKOVITA

30. NGO Go Green

31. Youth Cultural Center – Bitola

32. NGO Eco dzvon (Eco Ring)

33. National Roma Centrum

Сподели