Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси
Разбистри сè! > Вести  > Прес-конференција за почеток на кампањата „Разбистри сè“

Прес-конференција за почеток на кампањата „Разбистри сè“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува заедно да ја започнеме кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“. Претставувањето на кампањата ќе биде во четврток (17 декември) во 11:30 часот на платформата Зум (https://zoom.us/j/95539250268).

На прес-конференцијата ќе биде промовирана Алијансата за застапување и лобирање, која ја сочинуваат граѓански организации, факултети и медиуми, а со чија поддршка и заеднички активности ќе се реализира кампањата. Исто така ќе бидат презентирани двата документа за јавни политики „Како да ја користиме и заштитиме водата“ и „Со ефективен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси“. Документите содржат податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со водите и инспекцискиот надзор врз природните ресурси и нудат конкретни решенија.

На прес конференцијата ќе говорат британската амбасадорка НЕ Рејчел Галовеј, директорката на ИКС д-р Жанета Трајкоска и дел од авторите на документите за јавна политика – проф. д-р Билјана Пулевска Јанушевска и м-р Кристина Најдовска Илиевски.

Кампањата „Разбистри сè“, која ќе трае во текот на следната година, ќе се фокусира на два специфични проблема: (1) управувањето со водните ресурси (како да се користи и заштити водата) и (2) инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почва и вода). „Разбистри сè“ има за цел да се подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми и да се зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики.

Кампањата „Разбистри сè“ се реализира како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Ве покануваме да учествувате и да го проследите настанот на следниот линк – https://zoom.us/j/95539250268.

Лице за контакт: Дејан Андонов, програмски координатор, , 071 317 661

Сподели