Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Претставување на дигитална мониторинг платформа на УХМР

Податоците од мониторингот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се од исклучителна важност да се проценат промените што настануваат во реките поради човечките активности, особено со испуштањата на загадувачки материи. Целта на мониторингот е да обезбедува информации за статусот на водните тела, но и да дава податоци за креирање оправдани, одржливи и ефикасни политики за користење и заштита на водите.

Ве покануваме на презентацијата на дигиталната мониторинг платформа на УХМР за квалитетот на површинските води во Македонија, што ќе се одржи во среда (20.10.) во 10:30 часот во хотелот „Солун“ (Голема сала).

На настанот ќе говорат претставници на УХМР за тековната состојба на површинските водни тела и за можните решенија за подобрување на квалитетот на водите и ќе бидат презентирани функциите на дигиталната мониторинг платформа.

Дигиталната платформа ќе овозможи да се подобри системот за собирање и трансфер на податоците од мониторингот на УХМР и ќе обезбеди слободен и едноставен пристап на јавноста и инспекциските служби до податоците од системот, без посебни барања и постапки.

Дигиталната мониторинг платформа на УХМР е изработена во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт: Дејан Андонов, координатор на кампањата „Разбистри сѐ“ – ;

 *Настанот се организира во согласност со безбедносните протоколи во услови на КОВИД-19, кои предвидуваат поседување и приложување на потврда за извршена имунизација или за прележан КОВИД-19 (45 дена од оздравувањето), задолжително носење на заштитини маски, мерење на температура на учесниците при влез во просторијата, дезинфекција на раце и одржување на физичко растојание.

 

ДНЕВЕН РЕД
среда (20 октомври), 10:15-11:30 часот

 

10:15-10:30Регистрација и послужување на кафе
10:30-10:35Вовед во презентацијата

Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии

10:35-10:45Тековната хидролошка состојба на површинските водни тела

Атанас Угрински, УХМР

10:45-10:55Квалитетот на површинските води и можните решенија за неговото подобрување

Радмила Бојковска, УХМР

10:55-11:10Претставување на дигиталната мониторинг платформа
11:10-11:30Прашања и одговори

 

Сподели