Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Презентација на Дигитална водна книга и на Методологија за мониторинг на водните тела по повод Светскиот ден на водите

Кој ги користи и загадува водите во Македонија? Јавна евиденција на водните дозволи ќе овозможи граѓаните да откриваат компании и претпријатија кои незаконски и без дозвола користат или испуштаат во вода или пак ископуваат песок, чакал и камен од реките и езерата. На државните органи, пак, јавните податоци ќе им помогнат да ги санкционираат оние кои не постапуваат според дозволите и да ја спречат деградацијата на водите. За реалната слика за водните ресурси, важен е и мониторингот кој треба да покаже каков е квалитетот и кванитетот на водите во реките и езерата и кои се загадувачките материи.

Ве покануваме на презентацијата на Дигиталната водна книга, база на податоци за управување со водите, и на Методологијата за мониторинг на водните тела, на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), која ќе се одржи на 22 март (вторник) во 10:30 часот во хотелот „Александар Палас“ (Конгресна сала 1).

На настанот ќе говорат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, проф. Рената Ќуштеревска, раководителка на Институтот за биологија при ПМФ – Скопје и Љупка Зајков од Секторот за води при МЖСПП. Агендата е во прилог.

Настанот се организира по повод Светскиот ден на водата – 22 март, кој оваа година се одбележува под мотото „Подземни води – правење на невидливото видливо“.

Дигиталната водна книга и Методологијата за мониторинг на водните тела се изработени за потребите на МЖСПП во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Агенда за настанот

вторник (22 март), 10:30 ч., хотел „Александар Палас“ (Конгресна сала 1)

10:30-10:35Вовед во настанот
модератор: Дејан Андонов, Институт за комуникциски студии, координатор на кампањата „Разбистри сè“
10:35-10:45Обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Насер Нуредини
10:45-11:00Презентација на Методологијата за мониторинг на водни тела
проф. Рената ЌуштеревскаИнститут за биологија, ПМФ – Скопје
11:00-11:15Презентација на дигиталната платформа за Водната книга
Љупка Зајков, Сектор за води, МЖСПП
11:15-11:30Прашања и одговори
11:30-12:00 Коктел по завршувањето на настанот

Лице за контакт:

Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии, координатор на кампањата „Разбистри сè“
 071 317 661

Сподели