Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Презентирање на дигитален регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи за животна средина

Начелото на јавност и транспарентност, како и националното и законодавството на ЕУ наложуваат граѓаните да имаат слободен пристап до информациите од јавен карактер во врска со инспекцискиот надзор во животната средина. Со постоење на дигитален регистар на субјекти на инспекциски надзор на државно и локално ниво и база на податоци од спроведените инспекциските надзори, на граѓаните им се обезбедува поголем јавен увид во работењето на инспекциските служби.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на кампањата „Разбистри сè“, Ве поканува на презентирањето на Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи во понеделник (11 април) во 11:00 часот во хотелот „Холидеј ин“ (сала Милениум 2).

На настанот ќе говорат Сретен Стојковски, директор на ДИЖС и Дарко Блинков, раководител на Одделението за поддршка, аналитика и меѓународна соработка на ДИЖС.

Покрај претставувањето на дигиталниот регистар, ќе бидат презентирани активностите од тековното работење на ДИЖС во изминатиот период.

Кампањата „Разбистри сè“, кон која се приклучи ДИЖС, ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт:
Дејан Андонов, програмски координатор, ИКС – ; 071 317 661

Сподели