Промо: Неконтролирани депонии од властите ги трујат водите
8 април 2021
Депонии на речно корито, во строго заштитетно подрачје. Ниви се наводнуваат со вода со тешки метали. Што прават институциите против опасните закани за околината и за здравјето на луѓето? Индустриската депонија на Југохром не е отстранета. Депониите на Лепенец се веднаш до бунарите кои со вода го снабдуваат Скопје. Исцедокот од Вардариште загадува и после седум години од затворањето. Гледајте „Разбистри сè’“ во понеделник во 17:40 часот на МТВ1 и во живо на Фејсбук каналот на Институтот за комуникациски студии.