Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Барање за јавен увид на извештајот на Владата за Охридскиот Регион до УНЕСКО

Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бара вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. Триесет и една (31) граѓански организации и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион Зоран Павлов, директорот на Управата за животна средина Џезми Салиу и до директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов.

Сподели