Предлог-методологијата за мониторинг на водни тела е јавно достапна за коментари
Предлог-методологијата за мониторинг на сите водни тела во Македонија е јавно достапна за коментари од сите засеганти страни до 20 ноември. ...
Платформа за пријавување загадување
Граѓаните можат да пријават загадување до Државен инспекторат за животна средина преку нивните социјални мрежи и е-адреси или на веб страницата на Инспекторатот, што значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите. ...
Барање за јавен увид на извештајот на Владата за Охридскиот Регион до УНЕСКО
Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бара вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. ...
Барање за повлекување на Предлог-законoт за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, поднесен во Собранието на РСМ по скратена постапка
Граѓански организации, високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за 18 јануари 2021 година по скратена постапка, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста и во нетранспарентна постапка. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата....