Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Предлог-методологијата за мониторинг на водни тела е јавно достапна за коментари

Предлог-методологијата за мониторинг на сите водни тела во Македонија е јавно достапна за коментари од сите засеганти страни до 20 ноември.
Со правилникот, кој Министерството за животна средина и просторно планирање треба да го усвои како подзаконски акт, поблиску се пропишува методологијата и постапката за определување на параметрите за мерење и мониторинг на квалитетот и квантитетот на сите водни тела (освен на тие за вода за пиење кои се во надлежност на Министерство за здравство).
Правилникот беше изработен од професори и експерти од Институтот за биологија, УХМР и Хидробиолошки завод Охрид во рамки на кампањата „Разбистри сè“, за да се воспостави интегриран пристап за заштита на водните ресурси и да се применува при изработката на Плановите за управување со речните сливови во Македонија.

Вашите забелешки, коментари и мислења по наведените подзаконски акти може да ги доставите најдоцна до 20.11.2021 година писмено до архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, адреса Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје или електронски на:

Повеќе информации на веб-страницата на МЖСПП.
Предлог-методологијата е прикачена на овој линк.
Сподели