Од шумите исчезнува видот дрвја
9 јули 2021
Во нова инспекција, екоактивистката Тина и инфлуесерката Фина откриваат дека уште еден природен елемент го снемува со брзината на светлината од нашата земја, а тоа се шумите и нивниот вид во исчезнување – дрвјата. Ги повикуваат планинарските друштва да ги пренасочат нивните рути од екстра популарните Пелистер, Бистра, Галичица кон Јабланица, Огражден, каде што се крадат дрва ден и ноќ, затоа што туризмот е најдобриот инспектор и чувар.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“. Погледнете го ЦЕЛОТО ВИДЕО.