Река тече, кауч влече
9 јули 2021
Ја знаете познатата народна „Река тече, кауч влече“. Екоактивистката Тина и инфлуесерката Фина открија дека не само што влече кауч туку и килими, гуми, пластики… А да не ги заборавиме и отпадните води од канализацијата и индустриските објекти кои непречистени одат директно во реките. За чисти реки Тина препорачува помалку зборење и повеќе акција, еко – акција.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“. Погледнете го ЦЕЛОТО ВИДЕО.