Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Презентирана платформата за пријавување загадување на Државниот инспекторат за животна средина

Граѓаните можат да пријават загадување до Државен инспекторат за животна средина преку нивните социјални мрежи и е-адреси или на веб страницата на Инспекторатот, што значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите.

Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата која овозможува пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали (Фејсбук, е-адреси, веб страници) да стигнуваат на едно место, да бидат поефикасно распределени до надлежните инспектори, полесно да се следат случаите на загадување и подобро да се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и да им одговорат на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.

Пријавувањето е едноставно со испраќање порака преку Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина, е-адресата , веб-страницата www.sei.gov.mk и преку полето Пријави на е-Мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.

Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработка на Државниот инспекторат за животна средина со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен.

Платформата е изработена во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Видео анимациите за тоа како функционира платформата може да се преземат на ОВОЈ ЛИНК.

 

Лице за контакт:

Виолета Георгиевска, Државен инспекторат за животна средина – ; 072 677 886

State Environmental Inspectorate’s Platform for Reporting Pollution Launched

Citizens now have an option to report pollution to the State Environmental Inspectorate via their social media and e-mail or via the Inspectorate’s website, which significantly facilitates the process of quickly obtaining reports, keeping a record of reports and timely response by inspectors.

Today, the State Environmental Inspectorate presented the online platform that enables applications that arrive from citizens through different online channels (Facebook, e-mail addresses, web pages) to be collected at a single point and be more efficiently distributed to the competent inspectors, so as to be able to follow cases of pollution more easily and to better coordinate the inspectors and their tasks, as well as to answer to the citizens who filed a report whether and what kind of actions have been taken in regards to their report.

The application process is simple, by sending a message through the Facebook page of the State Environmental Inspectorate, to the e-mail address , the website www.sei.gov.mk or by clicking the Report button on the e-Map of polluters www.mapanazagaduvaci.mk. In the application, the citizens should briefly describe the problem they are reporting, state the location where they noticed the pollution, attach a picture or video if possible and state their contact details (name and surname, telephone number or e-mail address) so that the inspectors can contact them.

The pollution reporting platform aims to improve the cooperation of the State Environmental Inspectorate with the citizens, enable better coordination in inspection activities at state and local level and provide greater insight in the work of inspectors in the field.

The platform was developed in cooperation with the Institute of Communication Studies within the “Clear it Up” campaign, which is funded by the British Embassy in Skopje.

Video animations of how the platform works can be downloaded HERE.

 

Contact person:

Violeta Georgievska, State Environmental Inspectorate – ; 072 677 886

Сподели