Наместо да ги штитат, надлежните директно и индиректно ги загадуваат изворите
Процените се песимистички. За само три децении, односно по 2050 година, речиси половина од светското население ќе се соочува со повремен или постојан проблем со обезбедување вода за пиење, некаде од аспект на количество, а некаде на квалитет. Нашата земја нема да биде исклучок, со оглед дека не сме заобиколени од климатските промени, иако сѐ уште се чини дека повеќето Македонци сметаат дека токму тие климатски промени се нешто апстрактно и се случуваат некаде далеку, преку Океанот или на Северниот Пол. ...
Законски измени по скратена постапка загрозуваат природни ресури долгорочно
Профит и брза заработувачка за сметка на природните ресурси и здравјето на граѓаните – дали ова го предвидуваат предложените измени на Законот за минерални суровини кои веќе следната недела по скратена постапка и без јавна расправа ќе се најдат пред пратениците? Нетранспарентната постапка и немањето на слух за јавното мислење го разбуди гневот кај граѓанските организации и високообразовните институции....
Алијанса „Разбистри сѐ“ бара повлекување на предлог – законските измени за минерални суровини и јавна расправа
Триесет и три (33) невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање "Разбистри сé" денеска испратија дописи до претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да го повлечат предлог-законот и да го вратат во редовна процедура. ...
33 граѓански организации бараат повлекување на предложените измени на законот за минерални суровини
33 граѓански организации се противат на измените на законот за минерални суровини кои владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за наредниот понеделник по скратена постапка....
Голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните за заштита на водата и инспекциите врз природните ресурси
Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во Македонија во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од минатата година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“....
Истражување на ИКС: Граѓаните немаат информации за квалитетот на водата која ја пијат, не се задоволни и од заштитата
57 проценти од граѓаните велат дека општините не ги информираат за тоа каква вода пијат. 94 проценти од испитаниците, пак, сметаат дека надлежните треба постојано да вршат надзор на површинските и подземните води. Ова се резултатите од анкетата која ја спроведе Институтот за комуникациски студии за заштита на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресури....
Извештај од анкетата за одржливото управување со водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси
[vc_row][vc_column][vc_empty_space height="50px"][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width="1/2"][mkd_image_gallery type="slider" show_title_desc="no" autoplay="disable" pretty_photo="no" arrows="no" dots="yes" images="16618" image_size="large"][/vc_column][vc_column width="1/2"][vc_column_text]Извештај од анкетата за одржливото управување со водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси [МК]Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од 2020 година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]...
Анкета на ИКС: Граѓаните свесни дека се најголем загадувач на водите, но се неинформирани за нивна заштита
Дури 42 отсто од испитаниците на анкетата на Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сè“ сметаат дека самите тие се најголем загадувач на водите во Македонија. Една третина од анкетираните или 33 отсто сметаат дека преработувачката индустрија е најголем загадувач на водите, додека 10 отсто мислат дека тоа се рударските капацитети....
Поддршка од претседателот Пендаровски за кампањата „Разбистри сѐ“
Претседателот Стево Пендаровски со приклучување кон герила акцијата „Дали би ја пиеле оваа вода?”, ја објави поддршката на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“....
Пендаровски се приклучи кон кампањата „Разбистри се“
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска соопшти дека се приклучува кон кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ за одржливо користење и заштита на водите која ќе трае во текот на 2021 година. Тој на својот официјален фејсбук профил напиша дека се залага за бистро, чисто и јасно за незагадена природа, чиста вода за пиење и јасна поделба на надлежностите и преземање на одговорност со цел заштита на водите....