Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Копањето на песок и камен од Вардар ги загрозува куќите и имотите во Уланци

Наместо уредување на речното корито на Вардар, со ископувањето на песок и камен се прави бизнис и се загрозуваат околните објекти и имотите на луѓето, се жалат селаните од Уланци близу Градско. На фирмата која копала непрописно, дозволата ѝ е одземена, но нелегално се копало и на друго место во реката, само три километри подалеку. Прекумерна експлоатација на песок и камен има во речиси сите реки во Македонија, потврдуваат од Инспекторатот за животна средина....

Отпадни води завршуваат во нивите околу Тетово, за пречистителна станица ќе се чека најмалку три години

Фекалната канализација од Тетово преку цевки стигнува до реката Вардар во атарот на селото Требош, но дел од ваквиот вид отпадни води завршуваат и на обработливите површини во ова подрачје. Оштетените цевки од канализацијата се причина дел од отпадните води да истекуваат и да се најдат во нивите околу Требош но и другите блиски села....

Инспекциските служби без кадар и капацитет навремено да одговорат на терен

Инспекциските служби без кадар и капацитет навремено да одговорат на терен. Ова го потврди постапувањето на надлежните државни органи кога минатата година се излеа мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ во Вардар. Анализата на овој случај ги прикажува конкретните системски недостатоци во надзорот врз заштитата на животната средина....