На микропластиката не ѝ е местото во водите и во почвата
Сведоци сме на време кога планетата постојано се загадува, а продуктите од пластика сѐ почесто завршуваат во водите и во почвата, поради негрижата и несвесноста на човекот. Со оглед на тоа што распаѓањето на пластиката претставува долг процес, кој трае стотици години, таа не исчезнува веднаш, туку се ситни на помали парчиња, кои претставуваат опасност за живиот свет. За жал, опасноста од микропластиката кај нас, па и во светот, претставува новост и досега не се направени подетални истражувања за нејзиното штетно влијание....
Преспанското Езеро на чекор од судбината на Дојранското Езеро
Заштитено подрачје од УНЕСКО, споменик на природата и едно од десетте најзначајни водни живеалишта во медитеранот и светот – тоа е нашето Преспанско Езеро, кому изминатото лето му се случи еколошка катастрофа....
Невладинитe бараат Владата да ги вклучи во решавањето на проблемите нотирани од УНЕСКО
Владата и министерствата мораат да ги објават сите инофрмации кои се однесуваат на Охридскиот регион а кои ќе бидат во нацрт извештајот кој треба да се достави до УНЕСКО и мора да го вклучат невладиниот сектор и експретската јавност во дебатата и во самото изготвување на извештајот....
„Разбистри се“: Владата да овозможи јавен увид на нацрт извештајот за Охридскиот Регион до УНЕСКО
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Граѓански организации и високообразовни институции од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што Владата треба да го достави до УНЕСКО.Како што информираат од Алијансата „Разбистри се“, 31 граѓанска организација и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион Зоран Павлов, директорот на Управата за животна средина Џезми...
Македонските шуми се пустошат – пуста е и надежта дека некој ќе ги заштити!
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Јавна тајна е дека шумите во земјава не се поштедени од криминал, кој, за жал, освен економски реперкусии, има и непроценливи последици по нашето и здравјето на идните генерации. Експертите од областа избегнуваат да коментираат чија е одговорноста потенцирајќи дека проблемот е обемен, а надлежностите за негово решавање се испреплетени.[/vc_column_text][vc_empty_space height="20px"][vc_single_image image="16764" img_size="full" alignment="center"][vc_empty_space height="20px"][vc_column_text]Неминовен факт е дека нелегалната сеча претставува сериозен и долгорочен проблем. Процените се дека обемот на нелегално исечено дрво во Македонија се движи од 25-30% од вкупно исечената дрвна маса во определена година. Во периодот од 2008-2017 година вкупната бесправно исечена дрвна маса изнесува 169.206,44 м3, велат податоците од Министерството...
Живеат на 15 километри од Скопје, немаат безбедна вода за пиење, а плаќаат сметки
На 15 километри од центарот на Скопје жителите на село Љубанци ги немаат основние услови за живот. Вода има но не е за пиење....
Baktere në ujin në Patishka Rekë! A kontrollohet cilësia e ujit në çezmat publike?!
Ahmet Loku nga Çairi bashkë me familjen e tij çdo tre muaj vjen të shëtitet në vendin turistik Patishka Rekë. Siç thotë, vjen për shkak të ajrit të pastër dhe për të mbushur shishe me ujë nga çezma, sepse konsideron se uji në Patishka Rekë është i pastër....
Бактерија во водата во Патишка Река – дали се проверува квалитетот на водата на јавните чешми?!
Ахмет Љоку од Чаир заедно со неговото семејство на секој трет месец доаѓа да прошета низ туристичкото место Патишка Река. Доаѓа поради чистиот воздух и да наполни шишиња со вода од чешмата на Патишка река затоа што смета дека тука водата е чиста....
Олеснувања за концесионерите на минерални суровини за сметка на државата и животната средина
Три групи дефекти имаат измените на Законот за минерални суровини. Тие нудат олеснувања за концесионерите и избегнување на плаќање на данок на сметка на државата, прават штети за животната средина и овозможуваат тргување со политичко влијание. ...
Шумите ги снемува на очиглед од сите
Дрвокрадците со нелегалната сеча со години ги пустошат македонските шуми. Тој агресивен поход на шумите почнува во периодот пред грејната сезона, кога граѓаните кои затоплуваат домовите на огревно дрво, бараат начин како да дојдат до поевтина цена по кубик дрва....