Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Неконтролирано исфрлање цврст отпад покрај реки и езера

Поради отсуството на контрола и санкционирање на несовесното фрлање на комуналниот отпад покрај водотеците, во градските населби и селските средини се создаваат диви депонии. Од нив голема количина пластика завршува во водите, предизвикуваат контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи....

Како да се спрeчи загадувањето од рудниците?

Македонија се смета за земја која е релативно богата со руди и минерали. Геолошките истражувања покажале дека во почвата има присуство на повеќе видови природни суровини, вклучително скапоцени минерали како злато, железна руда, сребро, бакар, манган и олово. Ваквото богатство од пред неколку години го сврте вниманието кон концесиите поради високата цена на светските берзи, а чие технолошко производство е ризик по животната средина. ...

Изворот Рашче станува недоволен за водоснабдување на Скопје

Водоснабдителниот систем за Скопје е проектиран за 400 илјади жители, но денес опслужува речиси милион луѓе. А водата за пиење се користи и за прскање тревници, наводнување бавчи, па дури и за индустриски потреби. Од скопски „Водовод“ предупредуваат дека водата мора да се користи разумно....

Индустриските објекти во скопска Железара за вода плаќаат двојно помалку од едно домаќинство

РЖ Услуги, која ги снабдува со вода индустриските објекти во старата скопска Железара, плаќа пет пати поефтина цена од останатите стопански субјекти во Скопје и двојно помалку од едно скопско домаќинство. А станува збор за истата вода која скопјани ја користат за пиење од изворот Рашче....

Мит или лековита вода во село Мојанци, Арачиново, 80-годишен дедо вели дека водата помага во отстранување на камен во бубрегот

На 20 километри одалечено од Скопје, поточно во село Мојанци , општина Арачиново се наоѓа оваа чешма. Голем број на граѓани доаѓаат тука за да полнат вода затоа што е прочуена помеѓу селаните како лековита вода. И дедото кој го затекнавме на чешмата вели дека со испиени 10 шишиња вода може да исчезнат камењата во бубрегот. Тој секоја недела доаѓа да полни вода којашто потоа и ја продава , 20 денари едно шише....

Нелегално се ископува песок, државниот инспекторат бара одземање дозволи

2% од територијата на Македонија е под водена површина. Има 35 реки, а најголем речен слив е вардарскиот со површина од над 20 илјади километри квадратни. Ова е реката Вардар во близина на Градско...

Пендаровски: Без долгорочни мерки за заштита неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Севкупниот развој на државата во голема мерка зависи од квантитетот и квалитетот на нашите водни ресурси. Доколку не превземеме долгорочни мерки за нивна заштита, многу лесно можеме неповратно да ги изгубиме, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Република Македонија“, во организација на Институтот за европска политика во соработка со Институтот за комуникациски студии, а во рамки на кампањата „Разбистри сѐ!”....

Без добар мониторинг, буџет и закони не може да има добра заштита на водите

Квалитетот на водите е еден од приоритетите на Зелената агенда и во Поглавјето 27 – животна средина. С. Македонија треба да вложи силни напори за спроведување на законодавството на ЕУ за областа, нужни се мерки против загадување и уништување на реките и езерата, како и за инвестирање во водната инфраструктура, за да може да зборуваме за „разбистрување“ состојбата со водите. ...

Рурално Скопје пие вода од бунари и чешми загадена од фекалиии

200.00 илајди жители во скопските околни населби користат загадени подземени води сметајќи ги за гордост во нивните дворови избегнувајќи ги водоводните мрежи заради заштеда или недоверба во јавните претпријатија. Државата е должна да ги проверува селските водоводи, јавни чешми, бунарите и бушотините, а наодите се застрашувачки....