Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Проценка на транспарентноста и отчетноста на инспекторатите со надлежности во животната средина

Спроведувањето на законодавството во областа на заштитата на животната средина, природата и човековото здравје претставува предизвик за секоја земја поради неговата обемност и поради тоа што надлежностите врз секторските области се делегирани помеѓу различни институции и тела. Ваквата институционална поставеност налага воспоставување на меѓуресорска соработка која ќе овозможи непречен развој и спроведување на политики кои ќе бидат во насока на заштитата на јавното добро и јавниот интерес. ...

Опстанокот на реките и езерата во рацете на човекот, ќе дозволиме ли да секне изворот на живот?!

Уметноста на природата е целосна кога преовладува синилото на реките, езерата и морињата. Тоа синило, под влијание на неумоливата консумирачка потреба на човекот, станува пола, на пат да го снема. И покрај свесноста за значењето на водите, сепак, човечката рака се повеќе ги суши водните површини....

Судскиот процес за загадувањето на Брегалница ќе стартува наесен

3.000 евра. Само толку е казнета фабриката „Техникајл Текстајлс“ откако минатиот јуни испушти хемикалија директно во Брегалница и целосно ја побели водата на реката во Штип....

Мала хидроцентрала

Мали хидроцентрали – користа од нив лесно може да се претвори во штета?

Малите хидроцентрали се чини како да се меч со две острици. Од една страна, ни под разно не смее да се градат во заштитени подрачја, а кога ќе се градат, потребно е да се запазат сите прописи и стандарди со цел да не ја загадуваат и оштетуваат животната средина неповратно....

Слика од градба на МХЦ во Лешница

Шар Планина стана национален парк, но можно е да се зголеми бројот на мали хидроцентрали

Главниот предизвик со кој ќе треба да се соочи државата во периодот кој следи по прогласувањето на Шар Планина за национален парк според повеќе засегнати страни се малите хидро електрани и нивното функционирање. Граѓанските здруженија кои дејствуваат во областа на заштита на животната средина како и планинарите се најгласните кои аргументираат дека во такво заштитено шумско подрачје нема место за објекти како што се малите хидро електрани. Според информациите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Шар Планина има изградено 11 мали хидро електрани, додека за девет има склучено договори од кои дел веќе ги завршуват градбите, а постојат и пет одлуки...

Квалитетот на подземните води сè уште е добар, но сепак е под ризик од загадување

Скопскиот регион во целина е богат со подземни води, особено во западниот дел почнувајќи од централното градско подрачје кон Аеродром, Лисиче, Кисела Вода и реонот на вливот на реката Лепенец во Вардар....

Јавните чешми и бунарите во руралните средини најподложни на бактерии, водата од нив се злоупотребува и за наводнување

На територија на Општина Чучер-Сандево има околу 30 јавни чешми и извори за вода кои што се наоѓаат во селата Бразда, Глуво, Чучер, Сандево, Бањани, Горњани, Мирковци, Кучевиште и Побожје и кои што не се поврзани на водоводната мрежа со која што стопанисува претпријатието од општината....

Кој ги загадува подземните води во струмичко? Државата нема контрола на состојбата на потпочвените води

Депонии, неконтролирано ѓубрење или прскање на културите. Бројни се загадувачите на подземните води. Состојбата во струмичко не е јасна, ниту во однос на квантитетот, ниту на квалитетот, затоа што државата не спроведува редовни контроли.Универзитетскиот професор. д-р Душан Спасов, вели дека неконтролираното користење на минералните ѓубриња е дури поопасно од користењето на пестицидите, бидејќи доаѓа до концентрација на нитрати во почвата и подземните води коишто се сметаат за причинители на одредени канцерогени заболувања.Со овој прилог, ТВ Вис се приклучува кон кампањата „Разбистри сѐ“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Сторијата е оригинално објавена на ТВ Вис....