Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Вашиот недостаток на базен за мене е недостаток на пиење вода во мојата чешма – Скопјани не се грижат за благодетот на питката вода

Ако еден просечен европјанин троши по 200 литри вода, нашите граѓани трошат 323 литри. Експертите предупредуваат дека климатските промени неминовно ќе се одразат на квалитетот на водите од Рашче и налагаат промена на навиките. ...

Немерливи штетите од нелегалниот ископ на песок и чакал

Наместо за одржување и уредување на речните корита, ископаните суровини се наменети исклучиво за профит, без притоа да се води сметка за последиците и штетите врз природата од ископувањата...

Побелените води на Брегалница: Студија на случај

Државниот инспекторат за животна средина не ги дава записниците и останатите документи кои се дел од кривичната постапка против фабриката „Техникал Текстајлс“ за целосното побелување на водата на Брегалница минатото лето....

Анска река, на изворот бистра, на виливот во Вардар црнила

Постојат шпекулации дека во реката има злато, но до сега не се евидентирани научни истражувања за постоењето на овој метал. Но, при нашата посета утврдивме дека во оваа река има од сè по нешто, од пластика до фекалии, а за злато да не правиме муабет....

Децениската негрижа причина за сомнеж, дали има начин за спас на Преспанското Eзеро

Децениската негрижа кон природното богатство во Преспа не доведе во состојба кога во ризик е развојот и егзистенцијата на цел еден регион. Ако нема вода во езерото, нема вода ниту за земјоделските насади, но за жал ќе ги нема ниту туристите....

Опасен течен отпад за навек, инспектори и санкции во дефицит

Последиците од загадувањата од рудниците не завршуваат со животниот век на рудникот, туку продолжуваат понатаму стотици години по затворањето на рудниците. Околу санкциите за загадувачите често пати постои спогодување, што „мириса" на можна корупција во екологијата....

Pallçishta një dekadë pa uji, autoritetet premtojnë zgjidhje!

Afër 6 mijë banorë të fshatit Pallçisht të komunës së Bogovinës, si dhe 1 mijë  e 100 shtëpi, për më shumë se 12 vite përballen me problemin e mungesës së ujit të pijshëm. Ujin të cilin e shfrytëzojnë për momentin për pije e që e marrin nga vendbanimi Jellovjan, rezulton të jetë i ndotur, pasi që analizat tregojnë se përmban fekale të kafshëve....

Крушево, борба за секоја капка вода – дали М. Брод ќе отстапи неколку извори за да се реши деценискиот проблем?

Ако пред повеќе од 100 години борбата во Крушево се водела за создавање на сопствена и самостојна држава, денес во 21 век борбата се води буквално за секоја капка вода. Нема извор или поточе околу градот, во коријата, кое можело, а не се искористило за водоснабдување. Но за жал и таа вода е малку. Ова е еден од посушните региони кај нас, а тоа има огромно влијание врз животот во градот и секако врз туризмот.Жан Здравески – Шапе е еден од најстарите угостители во Крушево. Вели дека поради немањето на вода често се случува туристите да откажуваат и аранжмани.„Секој гостин кој доаѓа во Крушево...

Климатските промени укажуваат на потребата за заштита на водните ресурси

Екологистите сметаат дека се потребни максимални напори за зачувување на водните ресурси, кои се најранливи на климатските промени, чии ефекти се чувствуваат во Македонија....