Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Екологистите бараат измени во Законот за инспекциски надзор во животната средина и високи казни за големите загадувачи

Нема кривична одговорност за големите загадувачи на животната средина и сите пријави од инспекциските служби завршуваат со мала казна или опомена. Екологистите од Граѓанскиот инспекциски совет алармираат дека системот за заштита на екологијата не функционира и бараат измени во Законот за инспекциски надзор во животната средина....

За визија за животната средина в очи да им се погледне на проблемите

За да се има визија за животната средина, треба да се има план, а за да се има план, треба в очи да им се погледне на проблемите и да се бара решение. Алијансата „Разбистри сѐ“ ги изнесе јавно сите маки во животната средина пред Претседателот Пендаровски, кој го води процесот за изработка на Рамка за развој #МКД2030....

Бистра и чиста, вода достапна за сите: проблеми и перцепции на граѓаните

Овој извештај се темели на ставовите на учесниците на „Достапна и чиста вода за сите“, дискусија со граѓани одржана на 18ти октомври 2021 година. Настанот е организирани од страна на Институтот за европска политика во рамки на кампањата „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање....

Извештај од мониторингот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година

Водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се класифицираат во Класа 4, која се однесува на силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка....

Немањето вода го отежнува животот на жените фармери

Данка Илијева од селото Зрновци секој ден искачува десетици литри вода на блискиот рид, каде што се наоѓа нејзината фарма со 60-тина кози. Таа ја одгледува стоката како од пред неколку векови бидејќи хидромелиоративниот систем Калиманци е сериозно оштетен, а во делови од Зрновци воопшто нема водоснабдителен систем....

Немаат вода токму кога треба да наводнуваат

Околу 200 жители во полошкото село Тумчевиште, близу Гостивар, живеат главно од земјоделство и одгледување добиток и живина. Иако велат дека имаат пристоен живот, се соочуваат со предизвици, а еден од најголемите им е да обезбедат вода, како за наводнување, така и за пиење....

Мавровчани реагираат: Доста ни е без вода и затрупани со дивоградби, ќе протестираме!

„Повеќе не можеме да издржиме, со протести и блокади ќе ја бараме правдата“. Со овие зборови група граѓани, кои се претставија како дел од иницијативниот одбор на здружение на жители на селата и сопствениците на викенд-куќите што се наоѓаат покрај Мавровското Езеро, ја пречекаа екипата на „Слободен печат“ викендов во Маврово....