Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Влијанието на ископот на песок, чакал и камен врз водите и речните корита

Иако во Законот за води постои забрана за ископување на камен песок и чакал од коритата и бреговите на површинските води, се изнаоѓаат начини за изигрување на забраната....

Излевање мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ во Вардар: Студија на случај

Како постапиле надлежните државни органи во случајот на излевање мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ во Вардар во јуни 2020 година? Студијата на случај ги анализира недостатоците во инспекцискиот надзор и системски недостатоци во државниот апарат....

Загрозување на животната средина со шествалентен хром од поранешен „Југохром“: Студија на случај

Студијата анализира како постапуваат надлежните државни органи во врска со шествалентниот хром од поранешниот металуршки комбинат „Југохром“ во Јегуновце и што треба да направи Министерството за животна средина за решавање на системските проблеми....

Алијанса „Разбистри сè“: Копањето песок и камен од реките станува нелегален бизнис

Ископот на песок, камен и чакал од водотеците е исклучиво заради остварување на профит, па се копа и надвор од дозволите и кога е постигната целта за регулирање на речното корито, реагираат од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“. ...

Се заканува ли исчезнување на Охридско Езеро – уникатниот жив музеј?

„Ударот" кон Охридско Езеро е повеќекратен - со загадување на езерото со нетретирани отпадни води и „физички" отпад, со бетонизирање на брегот, со стотиците пловни објекти што создаваат огромна бучава, загадуваат и влијаат на животот и размножувањето на многу видови живи суштества, со рибокрадците и десеткувањето на рибниот фонд без никаков надзор, со угостителските објекти и нивото на светлосното и звучното загадувањешто го предизвикуваат....

Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата на Југохром опасност за изворот во Рашче

Опасниот отпад кој содржи шествалентен хром од депонијата на поранешната фабрика „Југохром“ се влева директно до Вардар. Од Министерството за животна средина потврдуваат дека отпадната вода се меша со кал и ја запушува пумпата што треба да ја префрли до пречистителната станица, па истекува во реката. Од Инспекторатот за животна средина велат дека немаат можност да интервенираат со надзор од кој би произлегле конкретни задолжувања и мерки. „Југохром“ претставува голема опасност за изворот Рашче и законите овозможуваат Инспекторатот да му наложи на Министерството да преземе конкретни активности за да спречи штета од загадувањето, велат правниците....

Живот на депонија – жителите бараат да се исчисти, за општината, тие се виновни

Ова не е свадба, туку вообичаен ден е во село Врапче, општина Студеничани.На ваков начин веројатно се обидуваат да ги заборават своите грижи. Неколку метри од собирот и музиката, ќе ве пречека ваква слика.Отпад од пластика насекаде, што дава впечаток дека селото е изградено врз депонија.Ништо подобро не е ниту на самиот влез од селото.Жителите велат дека надлежните го расчистиле ѓубрето пред неколку дена, но местото сè уште е преполно со ѓубре.„Нема ниту 10-15 дена откако го чистеа, добро го исчистија, но ѓубрето повторно го фрлаат таму. Имаме деца, мора да има хигиена и чистота“, истакна жител на село Врапче.Во овој дел од селото...

Контролата врз експлоатацијата на минерални суровини убедливо во интерес на концесионерите

Според извештајот, мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни да обезбедат ефективно управување со минералните суровини, во однос на нивната оптимална искористеност и ефикасна наплата на концесиските надоместоци. Во извештајот посебно се потенцира неисполнувањето на законските одредби од концесионерите, непрецизните рокови и ненавременото склучување на договорите....