Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

300.000 тони индустриски отпад стојат нерасчистени од депонијата на поранешен Југохром

Индустриската депонија на поранешниот државен комбинат Југохром сè уште не е отстранета. Пожолтени води се слеваат во Вардар, во нивите се измерени тешки метали, а опасност демне и за изворот Рашче кој со вода го снабдува Скопје, алармираат селаните и екоактивистите. Од Инспекторатот за животна средина уверуваат дека депонијата не претставува опасност за Вардар и изворот Рашче....

Депониите на Лепенец закана за бунарите за водоснабдување на Скопје

Бунарите Лепенец-Нерези се наоѓаат во првата заштитна зона, но зоната не е оградена и се полни со отпад. На терен снимивме камиони кои слободно го трупаат брегот на реката Лепенец со купишта ѓубре и градежен шут. Не се решава ниту проблемот со Вардариште. Исцедокот од депонијата загадува и после седум години од нејзиното затворање....

Дали се казнуваат индустриските објекти кои испуштаат непрочистени отпадни води во реките и дали е доволно висока глобата?

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Одговара Ана Петровска од Државниот инспекторат за животна средина.[/vc_column_text][vc_video link="https://youtu.be/NbohWknywPw"][/vc_column][/vc_row]...

Перцепциите на граѓаните за инспекцискиот надзор врз животната средина

Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во однос на инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од 2020 година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“....

Перцепциите на граѓаните за управувањето со водите

Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните за начинот на кој институциите управуваат со водните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од 2020 година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“....

Проблеми во инспекцискиот надзор врз управувањето со природните ресурси

Мал број инспектори, низок степен на казнивост во однос на спроведените надзори, неажурирани податоци и електронски бази и недоволна координација се само дел од проблемите со кои се соочуваат инспекциските служби....

Зошто природните ресурси во Македонија се управуваат лошо?

Прекумерно искористување на природните ресурси, верувањето дека ќе бидат неограничени и покрај неодржливото користење, неефикасен инспекциски надзор, неспроведување на законите, употреба на застарени технологии се дел од причините поради кои со ресурсите во Македонија се управува лошо....

Дивата сеча ги умира шумите во гостиварско – повисока свест и казни за спас

За спас на шумите и еко-системот неопходно е активно вклучување на сите општествени чинители во борбата против дивата сеча, поголема едукација на децата и младите за значењето на шумите, поттикнување почит и позитивен став кон екологијата, јавна осуда на кражбите на дрва, повисоки казни за дрвокрадците, ефективна ажурност на институциите. Ова се генерално заклучоците кои може да се извлечат од истражувањето што го направивме за проблемот со пустошењето на шумските предели, кој во гостиварскиот регион, како и во поголемиот дел од земјава, има сериозни размери....

Повеќе од половина од водата за пиење се губи во земја

Низ водоводните системи во општините се изгубиле дури 63 насто од произведената количина вода и не стигнува до граѓаните, покажуваат податоците од 2019 година. Се губи во земја пред да дојде во домовите поради старите цевки, неисправните водомери, дивите приклучоци....